ШоуБиз

Има снага и по трет пат да се жени, жилав е Робин Вилијамс!

Актерот Робин Вилијамс на 60 години, по трет пат го кажа судбоносното „да“ и ѝ се завети на вечна љубов на својата нова одбраничка Сузан Шнајдер. Актерот и дизајнерката се венчале на приватна церемонија во Калифорнија, а меѓу гостите имало и доста славни имиња како Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Били Кристал и други.

Сузан и Робин се во врска веќе две години, а се запознале кратко по операцијата на срце на Робин во 2009 година. Таа му помогнала да оздрави, го негувала и се грижела за него, а покрај тоа се вљубиле еден во друг. Робин бил во брак со Валари Веларди со која го има најстариот син Зак, а од втората сопруга, Марша, се развел во 2008 година по 19 години брак. Со неа има две деца: 22-годишната Зелда и 19-годишниот Коди.

Напиши коментар