ШоуБиз

Имал многу пари… не го пуштиле во Норвешка:)

Раперот Снуп Дог е вратен од норвешката граница бидејќи во себе имал премногу пари, пишуваат американските медиуми.

Снуп Дог пробал да влезе во Норвешка каде имал закажано настап, но пограничната служба му го забранила влезот во земјата.

Според норвешките закони, во земјата слободно можат да се внесат околу 3.000 евра во кеса, а поголема сума мора да се пријави кај цариниците и да се пополни одреден формулар, а тоа Снуп не го направил.

–        Само што ме вратија од граница, имам премногу пари! Граничарите беа одлични, но сакаа да ми ги земат парите, а тоа Богами кај мене нема да може, – напишал Снуп Дог на својот Твитер профил.

Фановите на раперот во Норвешка останале разочарани, бидејќи концертот бил откажан, а Сунп воопшто не влегол во земјата.

Напиши коментар