Еве како изгледа постапката:
*За 50 парчиња овошје користете пола килограм шеќер и еден децилитар вода.
*Измијте го овошјето, отстранете ја кората, исчистете го од семки и исецкајте го на крупни парчиња. За кандирање потребно е да изберете зрело овошје, но не презрели плодови, малку цврсти и потполно здрави.
*Шеќерот ставете го во вода и сварете го додека не се стопи и не го прелие овошјето. Оставете го на ладно место до следниот ден. Тогаш овошјето исцедете го и шеќерот густа сварете го околу пет минути. Изладете го па прелијте го преку овошјето. Овошјето ставете го да стои во шеќерот три дена. После тоа исцедете ги и ставете ги во тава и сушете ги во малку топла рерна или на сонце.
*Кога шеќерот на овошјето ќе добие кора, повторно натопете го во преостанатиот сируп и постапката повторете ја се додека има сируп.
*Исушеното овошје наредете го во кутии и ставете го на ладно место.
*Можете да го кандирате целото овошје освен диња и лубеница.