Секое семејство има свој уникатен начин на прославување на празниците, кој како поминуваат годините стануваат семејна традиција.
Американското семејство Kefalone има свој интересен божиќен ритуал. Две децении таткото ги снимал своите деца додека се симнувале по скалите на нивната семејна куќа секое Божиќно утро. Неговиот син ги измонтирал снимките и направил интересно видео.
„Секоја година скоро цел мој живот, татко ми не снимаше како се симнуваме по скалите секое божиќно утро. Како тинејџери мрзоволно ја прифаќавме татковата традиција, но како растевме сфативме дека тоа е нашето посебно божиќно уживање.“ – изјавува Ник Кефалоне.
