Bridal

Интересни и вкусни венчаници

На Колумбиската модна недела, освен стандардните модели, ќе најдете и прекрасни дизајни на венчаници кои може да се јадат и се неверојатно вкусни.

Талентираниот млад готвач Хуан Мануел Бариентос вели дека се заинтересирал за производство на облека која може да се јаде откако разговарал со некој пријател, но вели дека морал да направи темелни истражувања и планови пред да ги создаде двете прекрасни венчаници направени целосно од материјали кои може да се јадат.

Венчаниците се направени од 2000 рози од шеќерна глазура и шампањ и доаѓаат со модни додатоци кои исто така може да се јадат, како бразлетни, обетки, ланчиња и прстени кои се направени од бомбони. Самиот невестински буќет исто така е направен од цвеќиња кои може да се јадат.

Претпоставуваме дека Бариентос сакал да направи венчаници во кои невестата ќе биде навистина слатка за младоженецот.

Write A Comment