Од H&M открија дека моделите на нивната веб страна не се вистински – барем не од главата надолу. Морничаво!
Од ланецот за облека на H&M беа принудени да ја разјаснат работата со компјутерски произведените модели, откако еден норвешки блог забележал дека сите тела се исти и дека моделите ги имаат истите пози. Различна е само бојата на кожата и додадените глави.
Хакан Андерсон се обидел да објасни дека:
– Телата не се вистински, виртуелни се и направени со помош на компјутерска програма. Ние сликаме кукли и потоа со помош на програмата создаваме човечки изглед. Не се работи за идеали или совршени тела, ние само ја рекламираме облеката, тоа е најбитно за нас. Истиот случај е и со машката облека.
Не дека сето ова има смисла, но сите знаеме дека денес маркетигот оди до крајни граници и компаниите се спремни буквално на сè.
