ШоуБиз

Ирина Шајк гола за Elle! Погледнете како се одвиваше фото-сесијата!

Вереницата на Кристијано Роналдо позирала за насловната страна на шпанското издание на списанието „Elle“ и тоа само со светликави камчиња по своето тело…

Супермоделот Ирина Шајк се појави на насловната на декемврискиот број од списанието „Elle“. Преубавата Русинка за потребите на снимањето позирала облечена во 3.500 црвени и бели „Сваровски“ кристали.

–  Снимањето беше напорно бидејќи морав да лежам на тврда маса и на кристали кои боцкаат, – изјавила Ирина.

–  Сепак, се чувствував секси. Ми се допадна идејата да позирам како да лежам на плажа и како кристалите „имитираат“ костим за капење, – додава таа.

Ирина открива и дека не станала менекенка преку ноќ.

–  Не зависам од никого, не зависам од маж. Успешна сум, богата и образована. Тоа не се случи преку ноќ. Дојдов во Париз без скршена пара и одев по кастинзи, не знаев ни збор на англиски. Немав што да облечам и се сеќавам како гледав додека другите девојки си купуваа облека, а јас немав доволно пари да си купам нешто за јадење.

Еве дел од снимањето за списанието:

Напиши коментар