Здраво тело

Изберете храна според метаболизмот

Што и да изедете, просто се “лепи” на вас и “нема начин да го отстраните” или, пак, сметате дека изгледате како штица за пеглање и сакате да се здебелите? Ниту едната ни другата ситуација не мора да бидат знак на никаква болест туку, едноставно, бавен или брз метаболизам – што само значи дека својата исхрана мора да ја прилагодите на сопствениот метаболизам и ќе изгледате токму како што сакате.

Како да знаете дали метаболизмот ви е брз, нормален или бавен? Ова се симптомите: се будите уморни, ви се спие по ручекот, имате низок притисок, рацете и стапалата често ви се ладни, бргу добивате вишок килограми, повремено чувствувате надуеност, брзо се заморувате, навечер заспивате брзо, имате проблеми со варењето, мускулите ви се опуштени. Ако се препознавте во максимум четири наведени ставки, метаболизмот ви е брз, помеѓу пет и седум – метаболизмот ви е нормален, а ако се препознавте во осум или повеќе ставки, имате бавен метаболизам.

Ако метаболизмот ви е бавен, тоа знаци дека организмот бавно го согорува сето она што во него ќе го внесете. Затоа наутро и навечер, кога тој е најбавен, внесувајте намирници кои лесно се варат – како тестенини, леб или овошје. За ручек јадете бело месо или риба, бидејќи тогаш организмот најбргу работи. Ќе помогнат и физичките вежби како трчањето, велосипедизмот или лесната гимнастика.

Ако метаболизмот ви е брз, најдобро е да земате јаглехидрати, бидејќи тие бргу согоруваат и даваат повеќе енергија.

За појадок и вечера се препорачуваат двопек, интегрален леб и маснотии, а за ручек протеини (црвено месо и зеленчук).

Бидејќи имате вишок енергија, може да се бавите и со понапорни спортови; пливање и тенис. Ако сакате својот метаболизам малку да го забавите, во тоа кје ви помогнат црвеното месо и маснотиите.

Кај лицата со нормален метаболизам килограмите најчесто не варираат; ако сепак малку се здебелите, препорачливо е еден ден да го спроведувате режимот на исхрана за бавен метаболизам, а следниот за оние со брз. Можете да се бавите со која и да сакате физичка активност.

 

 

Напиши коментар