Мода

Избор на хулахопки

Немојте да ги потценувате хулахопките, затоа што освен што ни ги топлат нозете тие се одличен моден додаток.

Најпопуларни се црните хулахопки кои делуваат елегантно и префинето, но и најлесно се комбинираат.

Ако повеќе ги сакате жолтите хулахопки тогаш дефинитивно оваа сезона е вашата сезона бидејќи тие се моментален хит. Хулахопките со шари, носат разни пораки, па често нив ги избираат жени со слободен дух. Имено хулахопки со цветни шари ги носат оние жени кои се романтични, додека пак оние кои носат шари со животни се диви во срцето.

Хулахопките не се скапа облека, а можат да ја оживеат и најдосадната модна комбинација. Потребно е само малку спретност при комбинирањето. Убаво изгледаат со туника или фустан до колена, а кога ќе се искомбинираат со добива одличен тренд.

Доколку се одлучите за хулахопки со впечатливи шари или живи бои остатокот од облеката нека биде едноставен и децентен. Освен нагласувањето на хулахопките Вие исто така ги истакнувате и нозете. Ако сакате визуелно да ги продолжите нозете, дизајнерите препорачуваат хулахопки и чевли со еднакви тонови на боја. Иако малку ќе се помачите во ускладувањето и пронаоѓањето на еднакви тонови за чевлите, модните стручњаци гарантираат неверојатен ефект.

 

Напиши коментар