Sweet Home

Избор на квалитетна гарнитура 2 дел

Вчера ја започнавме темата: Како изберете квалитетна гарнитура, каде зборувавме за материјалот од кој таа е направена. Денес продолжуваме на истата тема, но ќе споделиме збор – два за полнењето на софата. Сепак, удобноста и долготрајноста, како што и веќе спомнавме, се важни работа.

Италијанските производители секогаш посветуваат големо внимание на употребените материјали, дизајнот како и комфорот кој го овозможува софата. Постојат различни модели, за поисправено или порелаксирано седење, што се решава со аголот на наслонот или со типот на полнење.

Како материјал за полнење, кај квалитетните софи се користи полиуретанска пена, со различна густина на седењето и наслонот. Обично седењето се исполнува во повеќе слоеви од кој долниот е со најголема густина, а горниот е најмек. Кај најдобрите софи горниот слој може да биде исполнет со пердуви , или најдобро со мемориска пена. Овој материјал има својство да се враќа во првобитната позиција. На тој начин софата долгорочно ќе биде имуна од пропаѓање.

 

Наслонот може да биде од полиуретанска пена со помала густина, или од пердуви, што го прави наслонувањето меко и релаксирано. Внимавајте, и самата конструкција исто така треба да има облога, најчесто од полиуретанска пена. Таа е потребна за завршната облога (штоф или кожа) да не доаѓа никако во допир со конструкцијата со што може да се оштети.

Не заборавајте да го погледнете и претходниот пост во серијава: Како да препознаете квалитетна гарнитура. И секако споделете кој тип на полнење вам најмногу ви одговара?

 

Напиши коментар