man fashion

Избор на машка кожена јакна

И покрај тоа што припаѓа во групата на класичната машка гардероба, кожената јакна може да се најде во многу варијанти. Како да ја избереме најсоодветната?

Црната боја се смета за малку поофицијална – ако кројот е класичен, може да се носи на бизнис настани, додека пак кафејавата претежно се смета за спортски модел. Ако планираш да избереш некоја друга боја што е актуелна за сезоната, треба да имаш во предвид, дека веќе следната година  ќе биде сосема друга боја. Освен тоа секоја друга боја освен црното, кафеавото и сивото е тешка за комбинирање. Затоа ако не можеш да си дозволиш да купиш две-три кожени јакни наеднаш, тогаш наш совет е да се придржуваш кон традиционалните бои.

 

Напиши коментар