Sweet Home

Избор на тв комода

Комодата за телевизор често зазема прилично голем дел од дневната соба. Поради тоа, комодата може да го одреди стилот, односно дизајнот на целата просторија, а понекогаш дури и на целиот дом.

Постои голем избор на комоди, но само неколку од нив совршено би се вклопиле и одговарале на вашиот стил, потреби и буџет.

Дрвото сеуште е најкласичен материјал кога станува збор за производство на ТВ-комоди, а се употребува со децении за оваа намена, пред сè поради својата цена, како и можноста за изведба во разни дизајнерски облици.

Стаклото како материјал се вклопува во секоја дневна соба и создава модерен амбиент. Тоа може да поднесе голема тежина, а се употребува и во комбинација со други материјали, како што се дрвото или металот.


Металот, еден од трите најпопуларни материјали за ТВ-комоди, е чест избор поради можноста за негово вклопување во различни стилови и дизајни. Тој може да биде обоен за да одговори на повеќе вкусови, а негова добра карактеристика е и поднесувањето на голема тежина.

Органските влакна и ткаените како материјали, поради помалата издржливост, најповолни се кога се комбинираат со други материјали, добивајќи на тој начин уникатен и софистициран изглед на комодите.

Пред да се изврши купувањето на комодата, најпрво треба да се обрне внимание на ограничувањата кои можеби вашата посакувана комода ги има во однос на големината и тежината на телевизорот, запишани на амбалажата.

И не заборавајте, основна намена на ТВ-комодата е поставување на телевизорот на соодветна висина и под прав агол, кое ќе овозможи пријатно гледање телевизија, без напрегање.

 

Напиши коментар