Sweet Home

Изборот на рамки за слики

Убаво наместената соба изгледа недовршено ако нема уметнички слики по зидовите. Сепак, и најубавите слики, графиките или огледалата ќе изгледаат лошо ако се ставени во несоодветна рамка.

Пред да се одлучите каква рамка да изберете која дополнително би го разубавила уметничкото дело, земете ги во обѕир следните совети, бидејќи тоа ќе ви го олесни процесот на селекција, и ќе резултира со многу повкусно уреден дом.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВАШИОТ МЕБЕЛ

Мебелот и другите детали во просторот ќе ви помогнат да се решите кој тип рамки можат да се вклопат со оние што веќе ги имате. Не заборавајте да ги проверете лајсните како и рамовите на вратите и прозорците.

 

КУПЕТЕ ВИСТИНСКА БОЈА

Одредете ги доминантните бои во вашиот дом. Дали некоја од боите се издвојува? Можете слободно да си играте со бојата што сами сте ја направиле ставајќи свои слики или фотографии во рамки со иста нијанса. За посилен ефект, употребувајте комплементарни бои.

 

ПОДНОВЕТЕ ГИ РАМКИТЕ

Ако веќе имате уметнички дела ставени во рамки со различни стилови, зошто не би пробале да ги ставите во рамки со иста боја или пак да ги подновите старите со тоа што сите би ги обоиле  со иста боја,  и… финиш. Така би добиле визуелен складен изглед, без потреба да се трошат многу пари. Исто така  би изгледало поинтересно кога би имале различни лајсни за сите рамки.

 

КОЈ Е ВАШИОТ СТИЛ?

Ако во вашиот дом преовладува еден стил, да речеме модернистичкиот,  добро би дошло да се одлучите за поукрасени рамки, па дури и тие позлатените. Со тоа вашите скапоцени слики повеќе би биле забележувани отколку мебелот и другите  декоративни ствари во вашиот дом.

 

РАМКИ КОИ ГО НАГЛАСУВААТ ВПЕЧАТОКОТ

Одберете рамки кои го нагласуваат впечатокот на вашето омилено уметничко дело. Во колку не можете да се одлучете  кој тип рамки би бил најпогоден, посоветувајте се со локалниот галерист. Тие се професионалци и без проблем ќе ви помогнат околу вистинскиот избор на рамки за вашите уметнички дела.

 

СТИЛОВИ ЛАЈСНИ ЗА СЕРИИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА

Ако сакате да врамите серија или уметничко дело од два дела, изберете ист стил лајсни за сите. Ова ќе ги сплоти (обедини), а воедно и ќе ја избегне визуелната конфузија во вашиот дом.

 

ПОГОДНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

 

Обрнете внимание на светлото во собата. Некои соби природно се темни, па позлатените или со злато тонирани рамки можат да бидат одличен избор бидејќи ја рефлектираат светлината, па така уметничките дела ги прават уште повпечатливи.

 

ИМАЈТЕ ПРЕДВИД

Избегнувајте ги моментните трендови кога станува збор за рамките затоа што ќе излезат од мода за некоја година. Квалитетните и класични стилови вредат и се одлична инвестиција за декорацијата во вашиот дом, но можат да бидат и доста скапи.

 

 

Напиши коментар