Децата на познатите ѕвезди и тоа како имаат привилегии и предности пред децата на обичните смртници. Малата Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, за време на празниците, добила цело лизгалиште само за себе.
Том и Кејти навистина ја имаат разгалено својата ќерка. Ѝ дозволуваат да прави сцени по продавници и да троши енормно големи суми на облека и обувки. Како резултат на тоа, медиумите постојано ги критикуваат, но тие не обрнуваат внимание на критиките.
Сури видела дека ѝ се може, па си тера по свое. Овој пат, родителите закупиле едно цело лизгалиште во Рокфелер центарот во Њујорк, за нивната галеница да се лизга сама колку ќе посака. Ова задоволство ги чинело 5.000 долари за целата зимска сезона. Биле нарачани и специјални играчки и бонбончиња кои ќе бидат доставени на лизгалиштето за впечатокот на малата принцеза да биде комплетен.
