Веќе подолго време ја немаше во јавност, но 41-годишната Ума Турман не изгубила ни грам од својата убавина. И понатаму блеска и е доста посакувана. Инаку, Ума пред некој ден се појави на настанот кој беше приреден во чест на Клинт Иствуд и ги маѓепса сите присутни.
Навистина е некоја година постара, но позитивната енергија со која зрачи не дозволува староста да се прочита на нејзиното прекрасно лице.

Фотоапаратите, овој пат, ја фатија во лондонскиот Музеј на уметноста, каде му се одаде почит на ветеранот Клинт Иствуд. А вие што мислите за дамата која го уби Бил?
