При секое појавување на црвениот тепих, таа едноставно блеска и го привлекува вниманието на секој чекор.
Овој пат, Ен Хатавеј се појави без трошка шминка и така се прошета низ улиците на Бруклин во Њујорк. Со косата собрана под едно плетено капче, речиси е невозможно да ја препознаете прекрасната 28-годишна актерка. Инаку, Ен се имаше упатено кон вежбалната, а тоа може да се примети и од нејзиниот комплетен изглед. Друштво ѝ правеа пријателите, нејзиното момче Адам Шулман и нивното куче.
Само споредете ја со сликата од пред неколку дена кога Ен се појави на доделувањето на Годишните холивудски филмски награди во Беверли Хилс.