Џенифер Анистон неодамна изјави дека воопшто не се грижи за потомството и кога ќе остане бремена, а гласините за нејзината бременост станаа дел од нашето секојдневие. Доколку Џен, многу одамна го послушала советот на една своја блиска пријателка, денес би можела да има дете од својот поранешен сопруг Бред Пит.
Се работи за починатата агентка Су Менгерс која на актерката ѝ дала совет додека Џен и Бред поминувале низ тежок период во бракот. Су ја советувала Анистон да го натера Бред Пит да ѝ донира сперма откако ќе се разделат.
Џен не го прифатила овој бизарен совет, но сите чекаме да видиме дали таа навистина чека дете од сегашниот дечко, Џастин Терокс.
