Овој модел на Јагуар според магазинот за коли Sports Car International се наоѓа на првото место на листата на Најдобри спортски автомобили во 1960-тите, и бил произведуван во периодот од 1961-1975.
Направени се три различни серии: Серија 1 (1961-1968), Серија 2 (1969-1971) и Серија 3 (1971-1975).
Почетната верзија на овој автомобил имала 3.8 литарски мотор со 160 коњски сили, кој овозможувал максимална брзина од 240 km/h. Во Октомври 1964 Јагуар решија 3.8 литарскиот мотор да го заменат со 4.2 литарски.

Овој модел е инаку еден од ретките спортски автомобили што бил произведен и продаден во големи количини, што доволно говори за неговата популарност.

