Убавина

Јогуртот ја смирува кожата

Овој рецепт за маска за лице се однесува на сите оние кои имаат чувствителна кожа. Овој период од годината е особено проблематичен за оние со чувствителна и сува кожа. Освен тоа што кожата е посува од вообичаено, може да се појават и црвенила кои пецкаат и чешаат. За да ја освежите кожата направете една едноставна маска.

Потребно ви е малку јогурт и една лажица овесни снегулки. Направете ја оваа смеса и оставете ја нека отстои малку. Потоа нанесете ја на лицето и оставете нека стои 15 минути. На крајот измијте се. Додека се миете правете кружни движења со прстите, така воедно ќе направите и благ пилинг на кожата.

Напиши коментар