ШоуБиз

Качер дури со четири девојки се релаксирал во џакузито!

По низата гласини за вонбрачните авантури на Ештон Качер, на медиумите им се обрати нов извор кој тврди дека актерот ја изневерувал Деми дури со четири девојки одеднаш.

Судејќи по изјавите на девојките со кои Ештон наводно бил и ја изневерувал сопругата, се чини дека разводот на оваа холивудка двојка е на повидок и со секоја нова вест е сè поблиску. Замислете што ќе се случи кога Деми ќе чуе за ова со четирите девојки одеднаш!

–   Додека лежеше во џакузито со четирите девојки бараше уште водка – тврди сведокот кој бил на забавата дента кога Ештон наводно ја изневерувал жена си.

Детаљи од забавата во Лас Вегас беа обелоденети и од девојките кои биле дел од забавата во луксузниот апартман.

–   Сите беа голи. Откако останатите го напуштија апартманот, со Ештон остана само Сара која и понатаму тврди дека ноќта ја поминала со Качер. – вели еден од дечковците на присутните девојки.

Засега, парот сеуште нема проговорено ништо на оваа тема.

Напиши коментар