ШоуБиз

Кај Бранџелина нова принова?

Бред Пит и Анџелина Џоли планираат да посвојат уште едно дете. Американските медиуми се распишаа за седма принова во едно од најпознатите и најшироки холивудски семејства.

Парот досега има три посвоени и три биолошки деца, а неодамна ѝ ветиле на 6-годишната ќерка Захари дека ќе посвојат дете од Етиопија.

–   Многу се возбудени за новото дте. Ова посвојување ѝ го ветија на Захари за таа да има некој од својата земја со кој ќе може да оствари близок контакт, – вели близок извор до семејството.

Освен тоа, бројот 7 му е среќен на Бред и тој сака баш толку деца. Тој повеќе пати има изјавувано дека сака големо семејство и еве желбата постепено му се остварува.

Напиши коментар