ШоуБиз

Кај има сопруга што за роденден подарува проститутка?:)

Џејсон Бигс се прослави по улогата на несмасен тинејџер во филмот „Американска пита“. Иако неговиот лик во филмот имаше сериозни проблеми со сексот, односно недостаток на истиот, се чини дека Џејсон во вистинскиот живот има доста интересни сексуални искуства. Неговата сопруга Џени Молен на својот блог пишува за „Плејбој“ дека на Џејсон за роденден му нарачала неколку проститутки.

–   Сакав да направам нешто посебно за неговиот роденден, – напишала.

Го одвела сопругот во хотел во Лас Вегас, порачала шампањ и ја повикала проститутката. Но, тоа не е единственото интересно нешто во приказнава. Првата повикана девојка наводно била само масерка. Дошла таму по препорака од некоја пријателка на Молен. Малку се напила и Молен ја однела дома.

Втората женска била порачана по телефон, но ѝ бил даден погрешен број од собата. Кога сепак стигнала во собата, не ѝ се допаднала на Молен.

–   Воопшто не изгледаше како на фотографиите. Личеше на малите човечиња од „Гуливеровите патувања“. – пишува Џени.

Потоа, таа и сопругот сфатиле дека немаат доволно кеш со себе. Откако не успеале да најдат банкомат, ја испратиле проститутката дома со незавршена работа. За среќа, третата проститутка им се допаднала и на двајцата.

–   Надарената убавица со бронзен тен се качи на мојот сопруг, го стави кондомот на полуподигнатиот пенис од маж ми и започна да работи. Беше сјајно. Не морав ништо да правам.

На крај и таа им се приклучила, а проститутката ја  пофалила за техниката „пушење“. На крај сите заедно лежеле на креветот и ги слушале интересните приказни на проститутката во врска со нејзините клиенти.

Напиши коментар