ШоуБиз

Кај може Руни со Бекам?

Кога Бекам глуми заводник, секогаш му успева. А, кога Вејн Руни ќе се обиде да го направи истото… изгледа смешно.

Со овие зборови, повеќето британски медиуми се обиделе на читателите да им ја доловат рекламата за вино во која се појавуваат Патрис Евра, Рајан Гигс и секако, Вејн Руни.

Фудбалерите снимиле реклама за чилеанското вино „Casillero del Diablo“ кое е официјален партнер на клубот Манчестер Јунајтед. Рекламата е исмејувана од сите што ја погледнале, а Твитер е преполн со интересни и иронични коментари.

Еве неколку коментари:

–   Се обидува да глуми заводник додека замислено гледа кон „Олд Трафорд“, – пишува „Дејли Мејл“.

–   Ни Евра не е ништо подобар, а пак, Гигс се покажа како за нијанса подобар актер!

–    Вејн Руни глуми?! Изгледа и звучи како самошто да научил да зборува!

–   Топката подобро глуми! 🙂

httpv://www.youtube.com/watch?v=TCw3NxtAmBo&

Write A Comment