На денот на нејзиниот роденден, Бритни Спирс долго се излежувала во кревет со своите синови. Заедно со нив ги прегледувала роденденските честитки на Твитер, а една „зајадлива“ ѝ напишала и нејзината колешка Кеша.
– „Среќен ти еб.. роденден“, напишала таа, па ја ставила Бритни во небрано бидејќи потоа Спирс требало да им објаснува на своите синови што е тоа „еб..“.
Голем број колеги ѝ го честитале 30-тиот роденден на Бритни, а меѓу нив и Мајли Сајрис, Ријана, Вил.Ај.Ам, Кети Пери, Џастин Бибер, Ким Кардашијан, Хајди Клум, Елен ДеЖенерес итн. По опуштеното утро, пејачката остатокот од денот го поминала со семејството на лизгалиште.