man fashion

Како да ги одберете идеалните фармерки?

Откако се појавија фармерките на пазарот, направија вистинска револуција. Најпрвите модели на фармерки ги направија Jacob Davis, Calvin Rogers и Levi Strauss во 1873 година. Биле направени за потребите на каубојците, а во прв момент наишле на отпор од сите други, за денес да станат омиленото парче облека.

Интересна информација е дека фармерките во 1885 година чинеле само 1,50 долари а денес просечна цена им е 97 долари.

Како да го одберете вистинскиот модел на фармерки?

Идеални фармерки се оние нормално, кои ги покриваат вашите недостатоци. Кога купувате фармерки треба да обрнете внимание на две клучни работи а тоа се: ширината на ногавиците и висината на струкот.

Мажите кои се високи и слаби може да купат фармерки кои се со тесни ногавици, морков модел. Се препорачува да се направени од материјал кој содржи и еластин како би се истакнала линијата на ногата. Овие мажи можат да си дозволат и светли фармерки со низок струк.

Мажите кои се пониски и подебели се препорачува да носат темни фармерки. На нив најдобро им прилегаат фармерки кои немаат еластин и да се со висок струк.

Класичниот модел на фармерки се препорачува на секој маж. Овој модел на фармерки од коленото надоле не се стеснува, што е особено важно за ниските мажи.

За љубителите на фармерките и овој совет ќе им биде од корист. Доколку фармерките ви се омилено парче облека, тогаш одберете темни фармерки кои оставаат поозбилен впечаток, па ќе може да ги носите и на работа. Нив слободно може да ги искомбинирате со класично одело и кошула и така да се појавите на некоја свечена пригода.

 

Напиши коментар