← НАЗАД НА БОЗА

Како да го изберете совршениот бидермаер?

Како да го изберете совршениот бидермаер?
3407 Читања

Иако најмногу време ќе ви одземе избирањето на невестинскиот фустан, важен дел од вашиот сталјинг ќе биде и бидермаерот, па ви советуваме добро да размислите и да ги разгледате сите опции.

Иако во нашата традиција кумовите го носат невестинскиот букет, сепак во денешно време бидермаерот се бира во консултации со невестата. Иако на крајот на свадбата ќе треба да го „фрлите“, размислете добро бидејќи вашиот буќет ќе го има на секоја слика и тоа во центарот на вниманието.

Она што треба да одлучите е дали сакате формален, полуформален или необичен бидермаер. Она што можеме да ви дадеме како совет е големината на бидермаерот да биде во склад со должината на вашата венчаница. Големи бидермаери се за големи, раскошни венчаници, а помали бидермаери се за потесни, елегантни фустани.

Најпопуларни видови на бидермаери се:

Каскада: Овој вид на бидермаер е уште познат како водопад од цвеќиња. Цвеќињата се наредени за да изгледаат како да паѓаат од раката на невестата. За ваков бидермаер може да изберете цвеќиња со големи цветови како рози, кали или орхидеи. Бидермаерот-каскада е најформален од сите видови на буќети.

Кружен буќет: Овој вид на бидермаер е направен од тесно набиени цвеќиња наредени во круг. За изработка на овој буќет може да изберете секаков вид на цвеќе и да направите ваша сопствена комбинација. Дршките на цвеќињата најчесто се обвиткани со свилена лента. Овој вид на бидермаери најмногу се користи на денешните свадби.

Бидермаер како сноп: Овој вид на бидермаер е направен од цвеќиња со долги рачки и невестата го носи потпрен на нејзината рака. За негова изработка најчесто се користат орхидеи, кали, лилјани, гладиоли и рози со долги дршки. Овој вид на буќет е совршен за модерни и шик венчавки.

Бразлетна од цвеќиња: За оние „мрзливите“ невести, кои не сакаат цел ден да носат буќет во рака, препорачуваме бразлетна од цвеќиња. За овој вид на аранжман најчесто се избираат поситни цвеќиња и зеленило, кои потоа се обвиткуваат околу ластик кој невестата ќе го носи на зглобот на нејзината рака. Ваков вид на буќети се навистина стилски, особено доколку носите елегантни и едноставни венчаници.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk