Убавина

Како да го спречиме есенското опаѓање на косата?

Есенското опаѓање на косата е нормална појава, која често предизвикува паника. Како да се соочиме со есенското паѓање на косата?

Силното летно сонце, високите температури се меѓу најчестите причинители за оваа појава. Промената на климата се одразува на циклусот на животот на коренот на косата кои преминуваат во фаза на одмор. Есенската депресија која го напаѓа организмот, го засилува опаѓањето на косата.

Што треба да превземеме? Променете го режимот на исхрана. Менито треба да е балансирано со повеќе витамини и минерали. Ограничете го кафето, чајот, газираните пијалоци, и производите со шеќер. Консумирајте повеќе јајца, млеко, сирење, риба, црн дроб, суров зеленчук, сушено овошје и житарици.

Не ја истоштувајте косата со премногу термичко оформување и бојадисување барем овие 2-3 месеци.

Не ја сушете со врел воздух и не претерувајте со фигарото и пеглата за коса. Користете специјални козметички и медицински производи против паѓање на косата.

1 Коментар

Напиши коментар