Убавина

Како да изгледате помлади за неколку години

Ако сакате да изгледате помладо, морате поголемо внимание да му посветите на вашето лице. Тоа ја рефлектира вашата здравствена и ментална состојба, така да освен надворешната нега што му ја давате, од особено значење е да сте и со здрава психичка кондиција.

Најважно е кога се работи за надворешната нега на лицето, тоа редовно да се мие и да се одржува влажноста на кожата, а тоа ќе го постигнете со хидратни и хранливи кремови. Голем ефект ќе се постигне ако хидратниот крем го нанесете веднаш по  капењето, бидејќи поубаво ќе се впие во кожата и таа ќе остане влажна подолго време.

Иако шминкањето со годините почнуваме да го избегнуваме бидејќи го забрзува стареењето на кожата, правилниот избор на пудра, коректор, руж за усни, маскари и руменила и те како се корисни во прикривањето на брчките.

Изборот на козметичките средства е доста индивидуален и зависи од многу фактори, како на пример, обликот на лицето, бојата на тенот, текстурата на кожата, а понекогаш и приликата за која треба да се нашминкаме, така да универзално правило а и совет за тоа нема. Но не штедете пари кога е во прашање совет за правилен избор шминка. Посоветувајте се со професионален козметичар кој ќе ви препорача вистински look за вас. Некои луѓе се осетливи на состојките во козметичките препарати, па би било добро пред секоја употреба на нова шминка да направете 48- часовен тест на мал дел од кожата, на пр. на внатрешниот дел од лакотот.

 

Напиши коментар