← НАЗАД НА БОЗА

Како да ја негувате осетливата кожа

Како да ја негувате осетливата кожа
1179 Читања

Што да избегнувате

Бидејќи кожата на лицето има зголемен праг на осетливост, многу работи можат да и наштетат. Затоа би требало да го штитите лицето од сонце, ветар и воопшто од сите зимски услови. Би било добро да  избегнувате некои јадења, потребно е да одберете хидратантна крема која нема да ја иритира вашата кожа. А кога станува збор за пилингот, изберете некој кој е наменет токму за осетливата кожа бидејќи остриот пилинг може да ја иритира осетливата кожа.

Што може да помогне

Осетливата кожа во главно е осетлива и многу сува. Затоа употребувајте креми кои посебно ја хранат и содржат на пример авокадо или есенцијално масло од роза. Со овие креми ќе ја нахраните сувата кожа и ќе ја зголемите нејзината отпорност. На кожата морате да и дадете секојдневна хидратација,а понекогаш дозволете си и некоја смирувачка маска. Важно е маската да не содржи различни зрнца, туку да биде многу блага.За крај, подобро да изберете крема која е направена од природни состојки.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk