Sweet Home

Како да ја одберете вистинската гарнитура?

Секако дека дизајнот е оној кој на прв поглед не плени и најмногу влијае во изборот на софа за нашата дневна соба. Но, дали дизајнот ќе обезбеди долготрајна удобност и квалитет во нашиот живот?

Традиционално најдобар материјал за изведба на корпусот на софата, во однос на трајноста, се смета масивното дрво од даб, јасен или јавор. Во поново време предност се дава на конструкциите изработени од тврдопресувана иверка. Најдобрите производители знаат како да го искористат најдоброто од двата материјали. Тврдо – пресуваната иверка ја користат само на местата каде е потребно поголемо зајакнување на конструкцијата, а за поголемиот дел од корпусот се задржува како материјал природно дрво. Иако тешко за забележување но внимавајте природното дрво мора да е добро исушено од природните флуиди.

 Технологија напредува. Нови, поквалитетни, материјали се внесуваат во употреба секој ден. Нека не ве залажуваат со старите „добри” федери. Новите и квалитетни материјали кои се користат за полнење на седиштето, ја прават употребата на металните федери непотребна. Тие денес се заменуваат со стегливи еластични траки, комбинација од полипропилен и гума. Не само што овие материјали се потрајни и нудат поголем комфор, туку и се избегнува создавањето на електростатски полиња од металот на федерите што, секако, има негативно влијание.

 Кога последен пат купивте софа? По кои критериуми на квалитет вие се водевте?

Напиши коментар