За нив се знае само дека врската љубоморно и вешто ја кријат. Сепак, ѕвездата од филмот „Самрак“, Кристен Стуард (21) беше забележана како оди на таен состанок со нејзиното момче Роберт Патинсон и тоа во неговиот апартман во Западен Лондон.
Иако можеби била возбудена што ќе се види со момчето, Кирстен воопшто не беше нашминкана и носеше обична дуксерка, како за низ дома.

Роберт, пак, бил забележан како оди во истиот стан пред два дена и тоа во густата лондонска магла насред ноќ. И тој како да беше маскиран. На себе носеше и капче, па и капа од дуксерката, за секој случај.
Сепак, папараците се секогаш повешти во обидите да го обелоденат она што познатите сакаат да го прикријат.



