Мода

Како изгледаат стапалата на презафатените модели?!

Моделите заработуваат прилично многу шетајќи по модните писти носејќи ги моделите на познатите дизајнери, но колку тоа вистински ги чини?

Дваесет годишниот модел од Австралија, Кристал Копланд оваа сезона имала дури 21 ревија и искуството не и било воопшто пријатно.

Освен да настапи на голем број на ревии таа ја имала и честа да ја отвори ревијата на Louis Vitton.

Таа по сите ревии го дала своето интервју во кое ги открива и неубавите работи кои ги доживува додека заработува милиони.

Изгледа дека во овој свет сè е убаво, млада девојка на која и се стварил сонот да ги носи моделите на светски познати дизајнери, да заработува многу… но не е сè така розево како што изгледа. Морам да признаам дека при брзањето и менувањето на фризури ја изгубив пола коса, носам чевли кои не се ни најмалку удобни, па згора на тоа и оставаат трајни белези. Заборавам на спиење, а да не зборувам за одрекувањето од омилената храна.

За да не помислите дека моделите имаат совршен живот погледнете како изгледаат стапалата на овој модел:

 

Напиши коментар