Многу манекенки и светски познати супермодели одеднаш станаа грижливи мајки. Со брзината на светлината се вратија во топ форма и повеќе излегувањата до доцна по дискотеки не им се на прво место на листата. Наместо тоа, тие уживаат и се релаксираат во кругот на најблиското семејство.
По бројните успешно одработени проекти, атрактивната манекенка Алесандра Амброзио си даде на себе си одмор и со најмилите отпатува на долгопосакуваниот одмор на Хаваите.
Супермоделот на брендот „Victoria’s Secret“ заедно со својот вереник, калифорнискиот бизнисмен Џејми Мазур и нивната ќерка Ања Мазур деновите ги поминуваат на плажа и заедно уживаат во игрите во вода и на песок.
Погледнете ги фотките од овој одмор од соништата:



