man fashion

Како правилно се врзува шал?

Шалот е ултимативен аксесоар за студеното време. Шапките велгуваат и излегуваат од употреба но шалот си останува најдоброто средство за инжектирање малку стил и креативност во вашиот аутлук без премногу напор и средства.

Од обичниот плетен шал од волна па се до најскапиот на Хермес, секој од нив треба да се врзе на начин што го засилува ефектот. Многу мажи фрлаат многу пари за скап и брилјантен шал, а потоа го оставаат да виси околу вратот неумесно потсетувајќи на албатрос.

Сега ќе ви дадеме неколку совети и предлози на начини на врзување кои се едноставни и не одземаат повеќе од минута за да ги научите. Затоа земете неколку шалови и подгответе се за лекција по врзување на шал и добар стил.

Обично врзување


Ова е наједноставниот начин. Виси малку послободно околу вратот за разлика од другите видови и затоа не се препорачува за многу студено време. Меѓутоа пролетта и есента кога температурите се подносливи, ова врзување ќе го претвори вашиот шал во перфектно дополнување на вашата гардероба.

Ставете го шалот на рамената, фатете ги двата краја и заврзете ги еден над друг, како да ги врзувате врвките на чевлите. И готово – ова е обично врзување.

Една обиколка


Ова е едноставно преметнување, кое ги остава двата краја на шалот да висат во предниот дел. Може да ги фиксирате со палтото или да ги оставите слободни. Ова е добар избор за постудените денови.

Преметнете го шалот еднаш околу вратот, а двете страни од шалот ги оставате напред слободно да висат. Дали ќе биде стегнато или послободно врзување зависи од тоа како ви е пријатно на вас.

Две обиколки


Идеален избор за суровите зимски денови. За овој начин на врзување потребен ви е малку подолг шал.

Завиткајте го шалот два пати околу вратот и оставете ги двата кратки краеви од шалот да висат напред. Тоа е се.

Едноставен чвор


Ова е за мажите кои претпочитаат слобода и едноставност но бараат и структурирана и истанчена визија. Добро решение е за свилени шалови кои иначе не би изгледале добро врзани по друг начин.

Врзете го онака како што ги врзувате вратоврските. Преметнете го околу вратот со асиметрично поставени краеви. Завиткајте го подолгиот околу пократкиот крај. Подолгиот вметнете го назад во веќе оформениот чвор. Повлечете но не многу и исправете го да нема набори.

Француски чвор


Типичното европско врзување на шал е прикладно за секојдневието. Врши работа и во канцеларија и на утакмица. Најдобро изгледа со потенки и подолги шалови.

Превиткајте го шалот на пола, преметнете го оклу вратот и вметнете ги двата краја на местото каде се прекршува половината. Затегнете како што на вас ви одговара.

Напиши коментар