Убавина

Како против акните – 1 дел

ACNE VULGARIS – ШТО ПРЕТСТАВУВААТ АКНИТЕ ?

 

Акните се чести и хронични заболувања на кожата. Тоа е еден вид на воспалителна состојба на кожата на лојните жлезди и фоликулите на влакната. Раните од акни се појавуваат најчесто на површината од кожата, на вратот, градите и рамењата. Приближно шест од десет млади луѓе на возраст помеѓу дванаесет и дваесет и четири години патат од некој степен на заболување од акни. Нарушувањето предизвикува голем срам кај лицата кои се особено сензитивни за нивниот личен изглед.

 

ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ

 

Акните се карактеризираат со појава на митисери или т.н.„црнки“, гнојници, мали и површински лојни цисти и лузни. Постојат многу видови и форми на акни, а најчести се т.н. „црнки“ или митисери. Областите кои се најчесто изложени на акни се челото, слепоочниците, образите, брадата, градите и грбот. Во некои ретки случаи, целото тело може да биде покриено со митисери каде се случува да биде пропратена ваквата состојба со интензивно чешање. Сите форми на акни имаат свое потекло од погрешниот режим на исхрана, како што е временскиот интервал на јадење, интензивно конзумирање на скроб, шеќер, пржени и масни оброци. Хроничната констипација е уште еден причинител за појава на акни. Доколку организмот не е испразнет доволно, тогаш отпадниот материјал настанат од исхраната не е исфрлен регуларно и на тој начин се инфицира крвниот притисок со отровни материјали. Кожата на овој начин прави дополнителен напор за да ги отстрани овие отрови и резултат на сево ова е појава на акни или други форми на нарушувања на кожата. Други причинители за ова нарушување на кожата се нарушената хигиена на кожата на лицето како и погрешните животни и секојдневни навики, преку умереното конзумирање чај, кафе, алкохол или тутун како и честите навики на седење и недостатокот од физичка активност. Сето ова заедно предизвикува лошо варење на храната и општа исцрпеност.

ПРИРОДНИ ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНА

 

Витамини:

Два витамина, особено витаминот А е успешен во третирање на акните. Витаминската терапија треба да вклучува внес од 100мг нијацин, трипати дневно и 50,000 интернационални мерки од витаминот А, трипати дневно. Витамин Е, 400 мг е потребно еднаш дневно. Ваквата терапија треба да трае месец дена.


Лушпа од портокал:

Лушпата од портокал е многу ефикасно кај локален третман против акни. Здробете добро со вода на парче од камен, и на тој начин лушпата се става на зафатените места со акни.

Лимон:
Лимонот исто така се покажа како корисен во намалувањето на гнојниците и акните. Сокот од лимон се става редовно и на тој начин овозможува олеснување.

Лук:
Лукот е мошне успешен кај третирање на акните. Гнојниците исчезнуваат без лузни доколку се ексфолираат со свеж лук неколку пати на ден. Дури и екстремно упорните форми на акни, кај некои лица, успешно ги отстраниле ваквите појави со овој вид на третман. Надворешната употреба на лук помага за чистење на кожата од флеки, гнојници и мозолчиња. Ваквиот процес е потпомогнат со конзумирање на три чешниња на лук еднаш дневно во период од месец дена и на тој начин се прочистува крвта и се осигурува трајна чистина на кожата.

Коријандер и сок нане:

Една кафена лажичка од сок од коријандер, промешан со малку турмеричен прав е уште еден ефикасен домашен лек за мозолчиња и митесери. Ваквата смеса треба да се стави на лицето по темелно чистење секоја вечер пред легнување. Сокот од нане може да се користи на сличен начин како и сокот од коријандер.

Рогата детелина:
Рогатата детелина е уште еден ефикасен лек против акни. Смесата направена од лисјата на ова растение, ставено на лицето секоја вечер пред легнување и прочистено со топла вода наутро, спечува појава на мозолчиња и митесери.

Напиши коментар