Убавина

Како против акните – II дел

Краставица: 

Издробена краставица аплицирана преку лицето и вратот во времетраење од 15 до 20 минути се покажа како доста ефикасен третман. Тоа е најдобриот тоник за лице. Честото користење на овој третман ги спречува мозолчињата и митисерите. 

Tри смеси кои можете да ги подготвите дома и да ги нанесете на вашата кожа. Тие се ефикасни во намалувањето на акните и третирање на лузните настанати од акни.

1. Промешајте една кафена лажичка брашно од леблебија (достапно во Индиските продавници и продавниците за природна храна) со доволна количина вода за да направите смеса и исчистете го вашето лица со оваа смеса. Исплакнете, а потоа сторете го следново:
2. Промешајте прав од бадем со малку вода и таквата смеса нанесете ја на вашето лице. Оставете да се исуши и да отстои од половина час до час, а потоа исплакнете темелно. Овој вид на прав од бадем можете да го сомелете во апарат да мелење на кафе или ореви). Овој домашен лек е одличен против акни.
3. Смеса од сандалово дрво и турмерична пудра промешана во козјо млеко е делува заздравувачки на кожата. Земете ¼ кафена лажилка турмерична пудра и половина кафена лажичка пудра од сандалово дрво а потоа промешајте ги и додадете козјно млеко за да направите смеса. Нанесете ја ова мешавина на вашето лица. Зебелешка: Вашето лице ќе изгледа жолтеникаво во период од 5 дена, но ваквата формула е мошне ефикасна за целосно отстранување на акните.

 

ДИЕТЕТСКА ВАЖНОСТ

За започнување, пациентот треба да конзумира единствено овошна диета недела дена, земајќи три оброка на ден или свежи сочни овошја, како што се јаболката, крушите, грозјето, грејпфрутот, ананасот или праските. Дозволено е да се конзумира само незасладен лимон во топла вода, без разлика дали топла или ладна. По завршетокот на оваа еднонеделна диета со овошје, пациентот смее да продолжи со со адаптација на диета каде е нагласена свежата храна, особено овошјето и зеленчукот, никулци, ореви или лешници и житарки, особено просо или кафеав ориз. Неопходни се уште неколку кратки периоди од три дена или приближно во период од месец дена за да се подобри состојбата на кожата. Месото, шеќерот, чај или кафе, зачини, кисели краставички, топли пијалоци, чоколада, сладолед, рефинирана или термички преработена храна треба да се избегнува колку што е можно повеќе..

 

ОСТАНАТИ МЕРКИ

За време на почетната овошна диета од недела дена, потребно е да се прочистува утробата со клистир и топла вода. Врело поттикнување е потребно да се аплицира локално за да се отворат порите за да се отстрани од нив отпадниот материјал. Заболените места треба да се исплакнат со ладна вода. Пациентот треба да биде изложен на туширање и капење на отворено за да го изложи своето тело на сонце и воздух. Врела купка со Епсом сол двапати неделно е корисна за сите случаи на акни. Оваа купка се подготвува со додавање на 11/2 кг на Епсом сол во 30л на вода која има 37.8’1 C. Пациентот треба да почива во купката околу 25-35 минути додека целосно не се испоти. По купката, пациентот треба да се олади постепено.

 

Напиши коментар