Убавина

Како против подочници???

Кожните вреќички под очите, уште познати како подочници, се вообичаена појава што се јавува со тек на стареењето. Кога старееме, ткивото околу очите, вклучувајќи ги малите мускули кои ги движат очните капаци, слабее. Околното масно ткиво пополека се спушта кон долниот очен капак, формирајчи ги подочните кеси. Понекогаш, во тие вреќички може да се насобере течност, при што го дава карактеристичниот уморен и потечен изглед.

Подочниците најчесто се козметички проблем, а ретко се знак за некоја сериозна здравствена состојба. Домашните методи, како што се ладните компреси, може да дадат подобрување, но за оние перзистентни подочници, достапни се козметички третмани.

Симтоми

Подочниците вклучуваат:

– благ оток

– опуштена или лабава кожа

– темни кругови

Причини

Како што старееме, ткивните структури и мускулите на очните капаци ослабуваат. Кожата може да почне да се растегнува, а масното ткиво кое нормално е распределено во таа област, може да мигрира под очите. Исто така, просторот под очите може да насобере течност и да предизвика оток. Неколку фактори може да доведат до тоа, вклучувајќи:

– задршка на течности поради промени во времето (на пример, жешки, влажни денови), нивото на хормони или во внесувањето на сол во исхраната

– спиење рамно на грб

– недоволен сон

– алергии и дерматитис

– наследност

Лекување

Освен многу препарати кои специјално се изработени за очната регија, како и ласерите, третманот на подочните вреќички вклучува и оперативен зафат, наречен блефаропластика. Таа се состои од отстранување на вишокот насобрано масно ткиво и кожа под окото, со што се враќа нормалниот и свеж изглед.

 

Што може да направите дома?

Во домашни услови можете да си помогнеме со користење на ладни облоги и спиње на повисока перница или пак можете да пробате со облоги од краставица, односно ставете тенки парченца краставица на очите и оставете ги така 10 минути. Исто така можете да пробате со ладни облоги со кесички со зелен чај.

 

Друг начин е да ставите во сад со зовриена вода грст рузмарин, а потоа наведнете се над него со пешкир на главата. По неколку минути очите треба да изгледаат подобро. На тој начин истовремено се подобрува и кожата на лицето.

Напиши коментар