ШоуБиз

Како Ријана се забавува на Италијанското крајбрежје?

Пејачката Ријана со своите пријатели на Фејсбук ги сподели фотографиите од нејзиното крстарење во Италија.

На нив можете да погледнете како 23-годишната Ријана се опушташе со своите најдобри пријателки. Сликите доволно зборуваат за лудиот провод на приватната јахта и колку овие луѓе знаат да уживаат.

Ријана, како и секогаш е максимално секси и тоа во розево бикини, едноделен костим за капење и други фустанчиња. Има и неколку провокативни слики, а може да се забележи дека неопходен дел од забавата бил најдобриот другар на сите – алкохолот.

Секако, кога станува збор за вакви патувања, никако не смеат да се изостават ноќните излегувања и бурните ноќи, а преку ден Ријана и другарките одделиле малку време да поуживаат во професионално нуркање и пливање.

Write A Comment