Motherhood

Како си ме родила? Еве како треба да им одговорите на вашите деца

Кога вашите деца ќе ве запрашаат како се дојдени на овој свет или ќе ви постават слични прашања за обновувањето на човечкиот род, должни сте да им дадете искрен одговор. Како ќе се снајдете во овој момент ќе биде мерка за вашиот успех како родител. Одберете ги оние важни факти и јасно изложете ги. Кажете ја суштината избегнувајќи да ги оптеретувате со детали.

Ако вашите одговори не ги расчистат основните поими кај вашето дете, тоа ќе поставува нови прашања. А кога ќе ги постави, ќе мора и да одговорите.

Веројатно ќе ве распрашуваат околу бременоста, раѓањето, оплодувањето и слично. Обично и по тој редослед. Повеќето од вакви прашања ќе бидат поттикнати и од секојдневниот живот околу детето. Но ќе има и такви кои ќе личат на гром од ведро небо.

Вашите одговори треба да бидат пријателски, но никако двосмислени, нејасни, на шега или површни. Бидете озбилни, но никако сентиментални. Никогаш не завршувајте со зборовите „поради тоа ние толку те сакаме“. И никогаш не му кажувајте „поради тоа ти треба да ги сакаш мама и тато“.

Првото прашање во врска со раѓањето и бременоста може да го очекувате пред вашата ќерка или син наполни шест години, но многу често и порано. Повеќето деца осознаваат нешто за обновувањето на човечкиот род пред да почнат да одат на училиште, односно прво одделение.

Пред вас се неколку примери за прашања кои ќе ви бидат поставени и одговори кои треба да ги дадете.

Од каде доаѓаат бебињата???

А:  Каде тетка Милица го најде своето бебе?

Б:  Пораснало во неа на посебно место што го имаат мајките за таа намена.

 

Најдобро е ваквото прашање да го одговорите што поедноставно. Интересирањето на дете од претшколска возраст е сеуште скромно. Не е исклучено детето веднаш да го смени правецот на разговорот од бебето на тетка Милица на себе.

А:   Дали и јас исто така пораснав кај тебе ?

Б:   Да токму така !

 

Додека му зборувате за тоа гледајте да не внесувате забуна кај детето со употреба на некои измислени или научни термини. Не спомнувајте ниту зборови како „гнездо“, „вагина“, или „под мајчиното срце“, иако оваа стара изрека покрај очигледната неточност за положбата на бебето, содржи топлина. Кога детето ќе порасне малку и ќе треба да му дадете подобро објаснување, и термините ќе ги замените со вистинските називи.

А:   Каде бев јас кога ти беше мало девојче ?

Б:  Твојот почеток бил скриен во мама и чекал да таа порасне, да го најде тато, создадат дом во кој ти ќе дојдеш.

 

Избегнувајте непромислен одговор „кога мама беше мала, ти воопшто не постоеле“. Децата имаат изразено чувство за континуитетот на животот. Поради тоа не треба да му го негирате постоењето на детето пред неговото доаѓање на овој свет. И затоа горниот одговор е помалку груб но сепак се уште вистинит.

А:   Мамо, дали сега кај тебе расте бебе?

Б:   Не, не баш сега, но ќе ти кажам кога ќе биде тоа. Ја виде тетка Соња како се здебелила, тоа е затоа што бебето се повеќе расте.

 

Невозможно е да се предвидат вакви прашања ќе бидат поставени. Но сепак, што и да одговарате, секогаш почнете со бебето расте кај својата мајка.

 

Write A Comment