Многу јавни личности знаат да купат недвижнини и по неколку години да ги продадат или изнајмат и со тој потег добро да заработат.
По Чарли Шин и Доналд Трамп кои ги продадоа своите домови, на листата со ѕвезди кои заработуваат од своите куќи им се придружуваат Памела Андерсон, Дејвид Швимер и Бен Афлек.

Актерот Дејвид Швимер кој се прослави со улогата Рос во серијата „Пријатели“ го продава својот дом во Лос Анџелес за 10,7 милиони долари. Имотот се простира на 1000 метри квадратни, а изграден е во 1920-тите години. Овој имот Дејвид го купил пред 10 години и го платил 5,5 милиони. Освен луксузната куќа во која има библиотека, домашно кино и спа бања, на имотот има и базен и игралиште за тенис.

Некогашната „чуварка на плажата“ Памела Андерсон одлучила да го издава својот дом во Малибу за 75.000 долари месечно или 20.000 неделно. Куќата се наоѓа веднаш до плажата, има три спални соби, две купатила, сауна и базен.

Актерите Мет Дејмон и Бен Афлек ја продаваат куќата во Калифорнија за 779.000 долари. Куќата има четири спални соби, две купатила, камин, камени подови и гаража, а изградена е во 19-тиот век.
