Мода

Како треба да изгледа современата жена според Долче и Габана?

Доменико и Стефано во своето последно интервју за модното списание “Harper’s Bazaar” зборуваат за тоа како треба да изгледа  современата модерна жена со стил. Споделија и неколку основни модни совети за жените:

“Секогаш носете градник”, советува Долче:

“Кога ги облекуваме моделите за ревија, првото нешто е убавиот сатенски градник со тантела. Се е прашање на респект кон телото. Никогаш нема да видите жена од Јужна Италија без градник. Никоаш!”

Кога станува збор за чевли, ниските чевли без потпетица се табу за нив. Долче додава:” За мене е невозможно жената да е со ниски чевли.”

Исто така убавина не подразбира совршенство. Габана вели:”Лично мене ми се допаѓаат жени кои не се перфектни. На пример, сакам жени со природни носеви. Носот е карактер. Многу жени сакаат да си ги изменат своите носеви, но мене ми се интересни и привлечни жените без корекции.”

Во однос на стилот Долче вели:” Кога една жена поседува сопствен стил, таа знае како да го избере она што и се допаѓа, а не она што е модерно. Кога го сакате она што го носите, облеката оживува.”

Се согласувате ли со нивните совети?

Напиши коментар