ШоуБиз

Како Вие сакате Ваше височество:)

Кејт Мидлтон ја одбила приликата за која сонуваат многу светски познати ѕвезди. Ана Винтур и предложила на младата војвотка да позира за насловната страна на списанието „Вог“ како модна икона, но Кејт го одбила предлогот. Причина за тоа е неодобрувањето од страна на кралицата Елизабета која воопшто не била импресионирана од оваа понуда.

–        Вилијам и Кејт се сложуваат дека е лошто Кејт да го гради својот углед како модна икона. Тоа не е начин на кој тие функционираат, тие ги сфаќаат кралските должности доста сериозно за да си допуштат нешто толку тривијално, – изјавил еден вработен во кралската палата.

Кејт е свесна дека кралицата нема да биде многу среќна со идејата таа да се позира за „Вог“. Тоа не би ѝ било по волја, а таа секогаш успева да ги сврти работите да бидат онакви како што на неа ѝ одговараат.

Кејт ќе мора да се одрекне и од ова, а којзнае и од колку многу други работи, само за да се вклопи во кралското семејство.

Напиши коментар