
Ако жените целиот свој живот сонуваат за својата венчаница, мажите дефинитивно повеќе се интересираат за изгледот на жената на нејзината прва брачна ноќ. Да се одбере долна облека за првата брачна ноќ воопшто не е лесна задача. Таа треба да биде израз на вашиот стил и истовремено да му се допадне на вашиот „тазе“ сопруг.
Ако сте во дилема за нешто, секогаш прашајте ги најдобрите. Доколку се двоумите при изборот на долна облека за вашата прва брачна ноќ, погледнете ја колекцијата на Викторија Сикрет, компанија која многумина ја сметаат за водечка во светот за долна облека. Верувајте им, ви ветуваме дека вашиот сопруг ќе ви биде благодарен :)))