Колку убаво изгледа кога покрај гланото јадење ќе сервирате гарнир од зеленчук… Често се прашуваме како зеленчукот да ја задржи убавата природна боја и при процесот на обработка.
Сега повеќе нема да биде невозможно грашкот, морковот, блитвата, спанаќот и слично, да ја имаат природната боја кога ќе ги сервирате во чинијата.
Сè што треба да направите е зеленчукот да го ставите да се вари во врела, веќе зовриена солена вода. При варењето не го поклопоувајте садот. Варењето нека се одвива на умерена температура.