Викторија Бекам и Шерил Кол никогаш не се сакале многу. На Шерил ѝ е преку глава да се спомнува името на Викторија секој пат кога нешто се дизајнира, а пак, Викторија тврди дека Шерил е само обична аматерка.
Викторија, седејќи со најблиските пријатели во еден рестотран во Лондон, се впуштила во маалско оговарање на тема Шерил Кол.
Викторија кажала дека Шерил нема никаков вкус за стил и дека не е за во светот на модата. Најверојатно, Викторија е љубоморна поради последниот успех на Шерил со својата модна линија за чевли.
Со години, тие две упорно бегаа од светот на жените на фудбалерите за на крај и самите да станат дел од него.
И ден-денес на драго срце се одбегнуваат.
