Поп пејачката Ријана многу не се замара со ладното време, ниту пак со пристојното облекување. Неодамна, во еден помодарски лондонски ресторан, таа се појавила облечена во тесни, секси панталони, а тоа го привлече вниманието на поголемиот број британски таблоиди.
На фотографиите Ријана е снимена како излегува од еден јапонски ресторан. Имала облечено краток шорц со ѕвезди, налик на американското знаме, бела маичка и тексасна јакна. А, за да не и биде ладно си облекла и крзнен елек… за секој случај.

Иако било ноќ, таа носела очила за сонце, а чорапите наликувале на халтери. Како и секогаш, била во друштво на своите телохранители, а фотографите ги игнорирала.

