Актерката Џенифер Елисон издава сопствено ДВД за фитнес, а со својата линија најдобро се изрекламира самата себе.
Џенифер ги запрепастила сите присутни кога се појавила на отворањето на еден клуб во Ливерпул. Во припиен бел фустан и во вртоглаво високи потпетици, актерката блескала од убавина и самодоверба. И самата е свесна за трансформацијата која ја доживеала.
Имено, за време на бременоста толку се здебелила, што практично никој не можел да ја препознае. Веднаш по породувањето, започнала да тренира и резултатите се просто неверојатни.
Наскоро излегува и нејзиното ДВД за фитнес од каде актерката сфатила дека самата на себе си е најдобра реклама. Погледнете и самите како изгледала пред година дена.

