Неколку месеци откако ги донесе на свет своите близнаци, Мараја Кери почнува да се фали со нив и да ги кажува нивните склоности.
Своето синче го опишува како „животот на целото семејство“, а нејзиното девојче го нарекува „госпоѓица независна“. Мараја признава дека веќе е премногу приврзана за синот Морокан и дека тој неверојатно наликува на неа.
– Ја имаме истата насмевка. Во него ја препознавам животната радост која ја носам јас.
Мараја вели дека ќерката која иако има шест месеци, веќе сама си го држи шишенцете со млеко и дека е доста надмена од мали нозе.
