ШоуБиз

Кание Вест знае кој сака да му дојде на погреб!

Раперот веќе смислува список на луѓе кои би сакал да бидат присутни на неговиот погреб.

Кание Вест (34) изјавил дека сака на неговиот погреб да дојдат исклучиво светски лидери. Но, постои и финта – Кание не очекува да дојдат тие што се моментално актуелни, туку тие што во меѓувреме ќе станат големи ѕверки, и тоа по негова заслуга.

–   Сакам црквата да биде исполнета со луѓе кои се значајни за светот, лидери. И сите тие ќе можат да кажат – тука сум зошто Кание постоеше, тој ми ја даде првата шанса и ми рече да верувам во себе, – изјавил Вест.

Тој додава дека неговата мисија е со својата музика да ги инспирира таквите луѓе. Тој признава дека не се занимава со најважната работа на светот, но дека сепак тоа е неопходно за идните генерации.

Write A Comment