ШоуБиз

Кардашиан веќе се покаја…

Иако направи голем спектакл од својата венчавка на 20-ти Август оваа година, американската старлета Ким Кардашијан наводно многу брзо се разочарала од бракот со кошаркарот Крис Хемфри.

Според американските медиуми, Ким постојано се кара со својот маж и веќе е очајна од моменталните случувања.

Таа наводно им се пожалила на пријателите дека не знаела оти бракот може да биде толку тежок.

–        Ким сега мисли дека сè се случило премногу брзо и дека не го запознала Крис доволно пред венчавката. Многу и е непријатно бидејќи се брзо влета во работата, а сега запна, – изјави еден пријател на Ким.

Но, тоа не е сè. Убавицата се плаши дека Крис можеби ја искористува поради парите и славата. Таа не е воодушевена од фактот што сеуште живеат во хотел, бидејќи сака да живее во сопствен дом.

Утеха си наоѓа во патувањето во Дубаи и Австралија, каде не е повикан нејзиниот сопруг.

Напиши коментар